За премиерот несериозно е што опозицијата бара предвремени избори (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски смета дека е несериозно што ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори.



Според премињерот несериозно било опозицијата постојано да повторува дека сака избори затоа што земјата била во Ковид, енергетска и по ролингирана економска криза.

Тој во изјавата дадена во Прилеп вели дека избори имало пред една година (се одржаа пред 18 месеци) и дека следните избори ќе се одржат во редовниот термин во 2022 година.

Ковачевски стана премиер без да излезе на избори туку откако беше предложен од Зоран Заев за шеф на владата.

Според неодамна објавените анкети Ковачевски и СДСМ кои изгубија катастрофално на локалните избори во октомври би доживеале тежок пораз на следните парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ.