За правда, контра Агелер или за криминал – СДСМ и ДУИ пред свршен чин за Судскиот совет

СДСМ и ДУИ можат да бидат ставени пред свршен чин за состојбата во Судскиот совет во кој тие ги избираат членовите кои предизвикаа хаос со смена на претседателката Весна Дамчевска надвор од правната процедура.



На предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието може да започне процес на интерпелација на членови на судскиот процес кои ја прекршила постапката, го дерогираа законот а во исто време во согласност со своите партиски шефови почнаа тивка ,,војна” со американската амбасадорка Агелер која во писмо им порача дека треба да се почитува законот.

Пратеникот Антонио Милошоски вчера на вестите на Сител најави можна интерпелација на членови на Судскиот совет.

,,Со оглед на тоа што Судскиот совет е сериозно деградиран и без никаков авторитет меѓу судиите ВМРО-ДПМНЕ може да почне Интерпелацијата на 5 члена од РСС, оние кои ги избрало Собранието”, вели Милошоски за опцијата за која се размислуваме бидејќи одговорноста во Судскиот совет веќе не е поединечна, туку се работи за колективен проблем на клучната институција во правосудството.

Со интерпелација во Собранието СДСМ и ДУИ ќе покажат дали се за одбрана на беззаконието и криминалот и тие почнуваат вистинска војна со стратешкиот партнер САД кому на оваа тема му се спротиставуваат или навистина сакаат да се решат проблемите во правосудството.

Опозицијата не може без власта да ги смени контроверзните членови на судскиот совет меѓу кои има луѓе најблиски на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тоа може да предизвика раскол во коалицијата на власт.

Прашањето за интерпелација судскиот совет е по 6 минути и 30 секунди од видеото на Сител

https://fb.watch/kirZLlyHZl/?mibextid=Nif5oz