Во периодот од 2013 до 2018 година државата им исплатила 617.242 евра на граѓани како обесштетување поради пресуди на Врховниот суд, со кои е утврдена повреда на правото на судење во разумен рок.



Тоа значи дека државата во просек годишно исплаќа по приближно 100 илјади евра како надоместок за обесштетување поради повреда на ова право, објави. „Макфакс“

Најмногу пари биле исплатени во 2013 година, во износ од 138.500 евра, а најмалку во 2016 година – 72.000 евра.