ХДЗ одржа четиричасовен состанок по изборниот пораз на нивниот кандидат, Колинда Грабар-Китаровиќ.
По средбата, лидерот на ХДЗ и премиер Пленковиќ, изјави дека една од причинитѕе за поразот на досегашната претседателка Грабар-Китаровиќ е – демографијата и иселувањето.
„Ова е прашање на демографија. Таму каде што ХДЗ имаше подобри резултати, денес живеат помалку луѓе“, рече Пленковиќ по маратонската средба во ХДЗ, јави Index.hr..





