Ова е одговорот на Општина Желино на писмото од Министерството за одбрана со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години.
Петровска ќе побара дозвола за изградба на споменик на загинатите во масакрот кај Карпалак
Писмото е испратено на погрешна адреса бидејќи Општината не била надлежна за да одлучува за такво нешто, порача градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, за телевизија Сител.
„И јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик нема да можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа.
Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да се урбанизира прво, да се види дали има услови, итн., итн. Но, во самиот автопат, каде што е предвидено за тоа директно е надлежен ЈП за државни патишта“ – изјави градоначалникот Сејдиу за ТВ Сител.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вторникот на одбележувањето на 22- годишнината од загинувањето на десетте македонски бранители кај месноста Карпалак најави дека ќе бара дозвола од Општина Желино за изградба на достојно спомен обележје кај месноста Карпалак.







