Медиуми јавуваат за масовно пукање во Дејтон, Охајо ,и за најмалку 10 застрелани, на помалку од 24 часа по вчерашниот масакр во Ел Пасо Тексас каде бројот на загинати се искачи на 20, а 26 се ранети.
Поред првичните извештаи, напаѓачоит е неутрализиран, без прецизирање дали е застрелан или уапсен.
Според некои извештаи, полицијата била во потрага по маж вооружен со пушка за време на пукањето.
Снимките од местото на настанот покажуваат силно присуство на полицијата.
Локалните болници биле алармирани да се подготват за третман на повеќе лица со прострелни рани. Според WHIO-ТV, најмалку седум од жртвите починале.
Насилството во Охајо доаѓа само неколку часа по масакрот во Ел Пасо, каде вооружен напаѓач уби 20 лица, а 26 други беа повредени.
Вчќерашниот напад во трговвски центар на Волмарт, наводно, бил криминал поттикнат од расна омраза против хиспшано-американците.





