Црвена, црвена боја ми е најмила, со тебе секогаш одиме на победа! Црвена, црвена боја ми е најмила, за тебе пееме напред Македонија!
Ова се стихови на легендарната песна на Ристо Самарциев која со одлука на ФФМ оди во пензија. Новите дресови на фудбалската репрезентација се во бород боја што предизвика гнев кај фановите.
Досега околу 10 илјади фановите на македонската фудбалска репрезентација се потпишале на петиција против новиот дрес на ФФМ.
Вратете ја црвено-жолтата боја, срамота е да личиме на Летонци!, се вели во некои од коментарите.
Потписниците бараат да се вратат старите дресови кои се со боите на македонското знаме.
“Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота”, се вели во онлајн петиција која кружи на социјалните мрежи, откако ФФМ ги промовираше трите варијанти на новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кои ќе дебитираме на Европското првенство.
„Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло“, се вели во петицијата за новиот дрес на фудбалските репрезентативци.
Петицијата овде
Како изгледа новиот бордо дрес







