„Последните две години направивме неколку тешки компромиси, зборувам за договорите со Бугарија и Грција, за Законот за јазици за кој имаше сериозни отпори од главната опозициона партија, отпори кои, за жал, не престанаа до ден денеска. Ние решивме да не носиме само популарни одлуки, и претпоставувам кај дел од луѓето тоа имало влијание“, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во образложението за „тесниот“ резултат по вчерашниот изборен круг.



Во споредба со 2014, разликата во 2019 е само во тоа што сега имавме демократски избори. Многу вода протече низ Вардар сиот овој период за да споредуваме. Тогаш бевме без пристап до медиуми, администрацијата беше блокирана…

Но, сега политичките одлуки кои ги преземавме од 2016 година наваму влијае на вчерашниот резултат и на тоа граѓаните имаат право. Не сум изненаден бидејќи трендовите кои ги следевме, ако паметите анкетите кои се правеа, покажуваа отприлика вакви тенденции. Мислам дека по првпат после подолг временски период, анкетарските фирми погодија поприлично во однос на резултатите од изборниот ден“ – рече Пендаровски.