За Пендаровски, Делчев сега е македонски револуционер, иако велеше дека било неспорно оти тој се декларирал Бугарин?!

Четири години откако го прогласи Гоце Делчев за Бугарин, претседателот Стево Пендаровски сега за него вели дека е македонски револуционер во објавата на Твитер за посетата на гробот на апостолот на македонската револуционерна борба заедно со својата колешка од Косово, Вјоса Османи.



Во јуни 2019 година, пак, Пендаровски поинаку го опиша војводата од Кукуш.

„Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија“, рече Пендаровски во интервју за „360 степени“.