Според претседателот Стево Пендаровски, Гоце Делчев е и „македонски револуционер“, кој се борел за „нашата држава“, но и „борец за бугарската кауза“?!
По денешното поклонување на гробот на херојот во црквата „Свети Спас“ заедно со словенечкиот претседател Борут Пахор, Пендаровски на Твитер објави:
И по седницата на Советот за безбедност во средата Пендаровски го нарече Делчев македонски револуционер, но истовремено, за него било неспорно „тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза“?!
„Она што навидум нè дели, треба да нè спојува. Јас мислам дека тој е македонски револуционер, кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина, која се оствари по 1944 година. Меѓутоа, тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин, се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно. Секој има право тоа да го брани. Зошто тоа би било проблем, не во однос на евроинтеграциите, генерално како народи, како граѓани, не гледам проблем ако ти го сметаш некого за јунак да го чествуваш и ти, и тоа не мора да биде исклучиво“, изјави тој.
Во емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М во јуни минатата година, пак, Пендаровски со дециден став за етничката припадност на Делчев.
„Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија“, рече тогаш претседателот.





