Во емисијата на „Код“ на Телма беа објавени детали од седницата на Влада од 9 јануари, кога на дневен ред беше разрешувањето на менаџментот на М-НАВ.
На седницата министрите Османи и Бектеши ја префрлиле вината на синдикатот и рекле дека доколку бидат сменети директорите, тогаш тоа ќе значело попуштање на синдикатот на контролори на летање.
Семејната лоза во М-НАВ: сестрата на Бујар Османи, снаата на Груби, внукот на Буши и Николовски
„Код“ објави дека најмалку тројца министри имаат вработени роднини во Македонска навигација – М-НАВ, а повеќе членови од семејството вработил и еден поранешен пратеник.
Таму е вработена сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, потоа снаата на првиот вицепремиер Артан Груби, внукот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, како и роднини на поранешни министри и пратеници






