За „опинците“ кои го „газат“ Делчев

Гоце Делчев светот го замислувал како поле за културен натпревар на народите. Ако замислиме дека тоа поле е Македонија, тогаш може да заклучиме дека неговата максима е точна до пола. Тука народите се натпреваруваат, ама тоа не го прават културно – пишува Срѓан Ивановиќ во колумна на Плус инфо.



Денеска кога одбележуваме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев ќе ги изоставиме другите народи, па ќе се посветиме на македонскиот и на бугарскиот. Поточно ќе се посветиме на политичките елити на двата народа, кои денеска се натпреваруваат токму за „полето“ кое го определува наследството на Гоце.

Да почеме со бугарските политичари.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во паркот „Борисов“ во Софија, а потоа најави дека ќе присуствува на целодневната церемонија во Благоевград, каде круната на низата од манифестации, ќе биде положување цвеќе на плоштадот „Македонија“. Во Благоевград ќе дојде и претседателот Румен Радев, кој ќе излезе од изолација. Медиумите објавија дека тој е негативен на ПЦР тестот, направен откако беше обелоденето дека неговата сопруга е позитивна на ковид-19. Значи Румен ќе ја напушти својата болна жена за заедно со Петков да продефилира по плоштадот во Благоевград, а потоа ќе дојде и во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот, каде ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев“.

Да се вратиме во Македонија. Мислам на државата, а не на плоштадот во Благоевград.

Тука главната манифестација ќе се одржи во Скопје, разбирливо во црквата „Св. Спас“, каде се погребани посмртните останки на великанот. По пауза од неколку години, повторно се одржа заедничко чествување на Гоце, на македонската и на бугарската делегација. Супер? Цивилизиран потег? Па не сум баш сигурен.

Сè би било супер и цивилизирано, доколку и нашите претставници отпатуваа за Софија, а потоа со Петков и Радов се упатеа за Благоевград. Вака испаѓа дека Гоце е цел Бугар и само пола Македонец? Бидејќи Бугарите си организираат национално одбележување на датумот на кој е роден Гоце, додека Македонците си го делат чествувањето со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска. ОК, да бидеме фер во Софија цвеќе положи македонскиот в.д. амбасадор Владимир Крстевски. Ако тоа воопшто може да се смета за некаков настан?

И толку. Или речиси толку.

Целата колумна на следниот линк:

Гоце, тешки опинци газат по полето твое