Уште еден скандал поврзан со Министерството за култура и годинешната Програма за финансирање на проекти, предизвикува податокот дека операта „Скендергег“ на два наврати добила 3 и 3,5 милиони денари, во период од шест месеци: во август лани и сега во рамките на Програмата..
Министерот за култура Асаф Адеми на својот фејсбук профил уште во јули најави поголема финансиска поддршка за проектот:
„ Овој пат ќе се одбележи на достоинствен начин и со институционална поддршка на албанските уметнички и културни вредности!
Во пресрет на 550-годишнината од смртта на националниот херој, Ѓ.К. Скендербег, потпишав одлука на 28 ноември оваа година, во Големата сала за опера и балет да биде претставена премиерата на операта ‘Скендербег’. Честито!“.

Оваа фантастична сума го прави еден од најскапите овој проект што наиде на револт кај културните работници и во јавноста која жестоко реагира на планот за финансирање проекти за оваа година што го соопшти Министерството за култура.





