За оние кои трошат малку речиси исти сметки, за оние кои трошат повеќе повисоки. Регулаторната комисија ја намали цената за првите два блока, а ја зголеми за вторите два. Од 1 јануари ќе има и поголемо ДДВ, наместо 5,10%. Кога се ќе се одземе и собере оние кои досега плаќале просечна сметка од 2000 денари, повторно ќе плаќаат исто. Но, за да не влезете во поскапите блокови ќе мора да перете, готвите и да ги извршувате сите други домашни обврски во евтина струја односно после 22 часот.
За прв блок досегашната цена беше 7,72 за киловат сега ќе биде 7,41 во втор блок 8,08 денари сега ќе е 7,84 денари, во третиот блок ако била 8, 66 сега ќе е 8,74 денари, а во четврти блок 17, 48 сега ќе е 18,81.
Речиси иста останува евтината струја, тарифата од 3, 99 денари за киловат час сега е 4 денари. Промени има во износот на мрежарината, односно давачката за пренос и дистрибуција. Од 3,3 денари колку што изнесуваше, сега се намалува на 2,68 денари.

Од 1 – ви јануари најголема промена кај сметките за струја ќе има кај малите потрошвачи и компании. Индустриската електрична енергија поевтинува за речиси 20 отсо. Од 17, 19 денари , цената за киловат се намалува на 13, 73 а во ноќната тарифа од 13, 51 на 10,78 .
Според информациите од РКЕ, над 60 проценти од граѓаните се во прв и втор блок , во третиот блок се околу 20 проценти од граѓаните, а останатите во четвртиот блок.
Последното поскапување на електричната енергија беше во просек за 7, 4 проценти кога беа воведени и блок тарифите.
Инаку за да се покријат овие цени на струјата, поради малото домашно прозивдство односно нецелосното функционирање на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, Електрани на Македонија во просек трошат по еден милион евра за увоз на скапа струја, а парите за ова ги добиваат од државниот буџет што значи повторно од џебот на граѓаните.





