украинската Влада, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации процениле дека трошоците потребни за реконструкција и закрепнување на Украина, која е цел на руската инвазија, се зголемија на 411 милијарди долари (383 млрд. евра).
ММФ ЌЕ И ДАДЕ 15,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ НА УКРАИНА
Според новата проценка, која го опфаќа периодот од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година до нејзината прва годишнина, ќе бидат потребни средства за реконструкција и закрепнување во текот на следните 10 години.
Средствата ќе бидат обезбедени од јавни и приватни фондови.
Наведената сума е 2,6 пати поголема од проценетиот Бруто домашен производ на Украина во 2022 година, соопшти Европската комисија.







