За обесената кукла со ликот на Вучиќ, приведен новинар!

Новинарот Бошко Савковиќ е приведен под сомнеж дека на протестот „Србија против насилството“ што се одржа во саботата носел „обесена кукла со ликот на претседателот на Србија Александар Вучиќ“.



Оваа информација jа потврди адвокатот на Савковиќ за N1.

Савковиќ, писател и новинар, е уапсен вчера околу пладне во неговиот стан.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ сподели на Твитер фотографија од петтиот протест против насилството на која се гледа транспарент од кој виси кукла со ликот на Александар Вучиќ на бесилка.