За „Нова алтернатива“ на чие чело од пред 4 дена е градоначалничката на Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се виновни блокадата на ЈСП кои денеска од 08 часот не сообраќаат поради неисплатените декемвриски плати.



„По втор пат Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани“. истакнуваат од партијата, чиј лидер е градоначалничката на град Скопје, Арсовска.

„Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги гласат програмите на јавните претпријатија меѓу кои и онаа на ЈСП со што директно ја блокираат нормалната работа на претпријатието и редовната исплата на плати кон вработените.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со управниот одбор на претпријатието се директно одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП.

За среќа на скопјани и за среќа на македонскиот граѓанин се ближи крајот за политичарите како Христијан Мицкоски кои работат исклучиво за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните“ се наведува во соопштението на „Нова Алтернатива“.