Уредбата за задолжително носење маски, марами или шалови надвор од домот е објавена во „Службен весник“ под број 107 од 22 април 2020 година и стапува во сила денеска.
Со Уредбата се предвидени 20 евра казна за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот.
„Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите за обезбедување на заштитина опрема на вработените“, стои во Уредбата.
Личната заштитна опрема за покривање на носот и устата може да биде респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна или свлена марама или шал, бандана и слично.





