За него 78 отсто покачување, ама Спасовски се фали со 50 евра поголема плата за вработените во МВР, и тоа бруто?!

По одлуката на Уставниот суд да укине два члена од Законот за плати и надоместоци на функционерите, Оливер Спасовски треба да добие зголемување на платата за 78 проценти, арно ама на министерот за внатрешни работи тоа не му пречи да се фали со покачување на платата за вработените во МВР од 3.086 денари, и тоа бруто?!