Македонците од Мелбурн одбележаа 117 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев пред неговиот споменик во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица“.
„За нас Македонците Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато било и ќе остане само македонско. Вечна му слава на македонскиот великан Гоце Делчев“, рече во обраќањето Мирчо Ангеловски, претседател на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.
„Овие договори се неприфатливи и бараме веднаш да се поништат бидејќи немаат соодветна реалност со нашиот идентитет и со македонската историја“, додаде тој.
Поради пандемијата од коронавирус и забраната за собири со повеќе од пет луѓе, годишнината помина без голем народен собир.
Панихидата ја извршија архимандритот Гаврил и отец Климент Станковски.
Извор: falanga.com.au




