„За народна власт“ – повик од семакедонскиот народен собир во Скопје

Со извици „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна, само Македонија!“, стотици граѓани маршираа од Делегацијата на Европската унија до Собранието.



Пред „домот на народните претставници“ тие преку транспарент побараа „народна власт“ додека во него се одвиваше расправата за изборот на новата влада.

„Нам ни ги спорат правото на самоидентификување и во тој случај ние Македонците имаме право, од Бога дадено, да си го браниме, да си го чуваме идентитетот и државата“, од пред Делегацијата на ЕУ порача Страшо Олумчев од Македонска народна партија.

Пред неколку дена за масовно учество на „семакедонскиот народен собир против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство“ повика владиката повардарски Агатангел преку видео порака.