За над 10% зголемена плата на 6.000 вработени во скопската администрација

Зголемување на платите за 10 отсто на над 6.000 вработени во градската потпишан е договоир меѓу градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовскаи репрезентативниот Синдикат на Град Скопје.



„Остварувајќи го ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија, Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа“, велат од Град Скопје.

Како што пренесува МКД.Мк, од Градот посочуваат дека пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник, ја поддржала иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпишала нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите.

Дополнително, во 2022 година Град Скопје била првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2.800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6.000 вработени.