За минималната плата државата ќе плаќа 1.197 денари по работник

Предлог-законот за измени и дополнувања на минималната плата, денеска ќе се најде пред собраниската Комисија за труд и социјална политика, а пратениците ќе треба да го одобрат зголемувањето на минималецот на 18.000 денари.



Предлог-законското решение предвидува за спроведување на овој закон до крајот на годината да бидат издвоени 939.645.000 денари (15.230.000 евра) од Буџетот на државата.

Притоа е објаснето дека за секој работник за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, државата ќе дава по 1.197,00 денари.

„Со член 4-д е  предвидено за работникот за кој ќе се обезбеди финансиска помош, работодавачот истиот да не може да го отпушти најмалку 1 година по добивање на помошта, а ако го отпушти има обврска да ги врати средствата, освен во случај на смрт на работникот, остварување на право на пензија и престанок на работниот однос  по вина или воља  на работникот“, пишува во законското образложение.