Откако премиерот Зоран Заев вчера изјави дека ѝ понудил на најголемата опозициска партија да биде дел од владата и заедно да го обработеле референдумот, но дека Мицкоски го одбил таквиот предлог, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



„Разните неформални понуди, кулоарски муабети, ноншалатни математички пресметки за учество во влада која треба да го донесе и реализира договорот со Грција го сметам за непристоен предлог, надвор од моите морални принципи. Суштината е дека учеството или неучеството во таква една влада нема да го направи договорот, кој некој друг го договараше и преговараше подобар или помалку штетен за Македонија и нејзините граѓани, но пак таквата понуда е сигурен доказ дека тие кои што стојат зад него се свесни дека тоа народот не го одобрува и преставува капитулантско дело за кое сега им е потребно алиби“, напиша Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој пишува дека нема да дозволи компромис со неговите принципи, а дека некакви барања за амнестија биле измислици од оние кои сакале да го сокријат сопствениот очај.