За месец дена запалени 2 возила на ист командир на смена во „Идризово“

Завчера наутро, во селото Кадино, било запалено второ возило на командирот на смена во затворот „Идризово“, Бобан Лазовски.



„На 16.07.2023 во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки. Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема.“ се вели во билтенот.

Запалено возилото на командир од затворот „Идризово“

Нему, на 16 јуни 2022 година му беше запалено возило веќе едно возило, ова е второ, објави Фактор кој објави список кој меѓусебе го прават вработените на Идризово, за сите запалени возила на вработените во затворот.