За мене гласаа повеќе Македонци, вели Силјановска

„Моите бројки покажуваат дека за мене гласале 100.000 Македонци повеќе оттколку за противкандидатот, тоа не не води кон обединување туку кон поделба“ – рече Гордана Силјановска Давкова во интервју за „Алфа ТВ“, зборувајќи за поделбите меѓу гласачите Македонци и Албанци.



Силјановска кажа што помислила прво кога пребројувањето на гласовите покажало извесна победа за Стево Пендаровски.

„Очекував одлука од самите граѓани, во што и јас длабоко верував и се повикував, дека не им се обраќам на партиите, иако Македонија живее време на партитократија, а не демократија. Пред крајот на затворањето на гласањето заклучокот ми беше дека сепак македонскиот свет не се сменил, дека во последните неколку саати одлуката ја донеле партиите, а не граѓаните. Нелогично е над 90 отсто луѓе во една општина, во која претходно гласале за Река, сега одеднаш да го сменат мислењето, рече меѓу другото Силјановска Давкова.

Извор: Фокус