Основниот кривичен суд Скопје му пресуди три години и еден месец затвор и 5.000 евра парична казна на сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски.
Наедно, изречена ,у е и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години сметано од време на правосилност на пресудата, а престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени.
Стаменковски е прогласен виновен за ширење расистички и ксенофобичен материјал, уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.
Пресудата не е правосилна и Стаменковски и обвинителството имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.
По барање на обвинителството, а со одлука на судот, судскиот процес се одвиваше зад затворени врати поради заштита на приватноста на жртвите или како што рече обвинителката Зорица Павловиќ од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи.







