Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа дека извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија.
Според него, има напредок во 80 отсто од поглавјата, пренесува А1.Он.
„Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување.
Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад. Во делот на кластерот Фундаментални вредности, се нотира дека државата испорачува резултати“, вели Маричиќ.
За разлика од него, евроамбасадорот Дејвид Гир даде низа критики, дека во Македонија има зголемена висока корупција, злоупотреба на ЕУ знаменцето, но и дека има недоверба во судството.







