За мандатот на Груевски, ќе се расправа меѓу 10 и 15 јуни

За одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски ќе се расправа вои парламентот на седница која би де одржала меѓу 10 и 15 јуни, вели собранискиот спикер, Талат Џафери.



„Пред 10 јуни нема да биде зашто пратениците имаат обврски, а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница“, рече Џафери.

Тој потсети дека Уставот и Деловникот се јасни и оти за да се одземе мандат потребно е да гласа двотретинско мнозинство.

Џафери рече дека на истата седница би можело да се расправа и по предлогот за реконструкција на Владата.