Битката за Македонија се пресели и во студените води на Егејско Море во Солун, каде што годинашниот фаќач на крстот изјави дека го направил тоа „за Македонија“.
„Ова ми е 15. пат како скокам по крстот. Годинава го фатив крстот за Македонија“, рече 35-годишниот компјутерски техничар Михалис Апостолидис, кој во манифестацијата во рамките на христијанскиот празник Водици учествува од 1996 година.
На Апостолидис ова му е вторпат како успева прв да стигне до светиот крст што солунскиот митрополит Антимос го фрли пред 24 учесници, кои до него пливаа скокајќи од бротче од морето кон брегот.





