За Љубчо, плукачи се тие што не го прифатија наговиот „план“ за Бугарија

Поранешниот премиер и aктуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, вели дека „плукачи’ се тие кои реагираа негативно на неговиот предлог-акциски план кој пред два дена го предложи за надминување на спорот со Бугарија.



Бесрамно, Георгиевски ги етикетираше новинарите во, според него, негативна конотатиција и попбара – дуел.

„А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па, еве ви кукавици, отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски. Можеби ќе ве интересира

Георгиевски во саботата понуди план за излез од спорот со Бугарија, а според тој план составен од пет точки, потребно е да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека земјава нема апсирации кон Источна Македонија. Тој предлага промена на стратегијата за историјата и конечно, како што вели, решавање на проблемот со јазикот. Неговиот предлог-акциски план предизвика серија политички реакции.