За Лавров, приемот на Украина во ЕУ е само „игра“

Активирањето на европските лидери околу прашањето за пристапот на Киев во ЕУ „е игра“, ја коментираше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров политиката на Брисел во последните денови.



Лавров, цитиран од ТАСС, потсетува дека се подготвуваат некои препораки и насоки, но ЕУ признава дека Украина не исполнила значителен дел од критериумите.

Лавров смета дека Украина инсистира да биде прифатена во Унијата без услови.
„ Ми се чини дека ова е игра, продолжување на линијата што ја следи ЕУ по исчезнувањето на Советскиот Сојуз“, рече Лавров одговарајќи на новинарско прашање.