Скопјенката (23) која пријавила дека нејзиното 5 месечно бебе исчезнато од скопските клиники ќе се гони за кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ што е казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.
„Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“, предвидува законот.
Лажна вест дека ѝ украле бебе – мајката уапсена
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска на осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.






