Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, го опсипа со комплименти собранискиот спикер Талат Џафери, издвојувајќи го како најсветла точка на македонското политичко небо во моментов.
„Ако се ослободиме од субјективизми, комотно можеме да заклучиме дека во овој момент најсериозен, најпристоен и најодговорен активен учесник во политичкиот живот во Македонија е г-дин Талат Џафери. Нема гафови, функцијата ја извршува со потребната количина на достоинство. Има почит кон сите членови на Собранието, но особено кон јавноста и граѓаните. Нема испади на нескромност и афери за корупција. Сосем доволно“, коментира актерката на Фејсбук.






