За Ковачевски судирот меѓу 26 илјади Илинденци и 350 илјади аскер бил рамноправна борба

Во своите конфузни пораки денеска премиерот Ковачевски обидувајќи се да прикаже дека Илинденците оставиле аманет дека треба да се седне со окупаторот на иста маса, денеска порача дека востаниците во 1903 воделе рамноправна битка со турскиот аскер и башибозук за време на Илинденското востание.



Во крајно нелогичната изјава според Ковачевски решителноста на илинденците и асномците иако во послаба позиција да се пресметаат со огромниот османлиски аскер и моќната нацистичка Германија оставиле аманет Македонија сега да седне на масата со својот агресор и да разговара.

,,Одлучноста и обединувачкиот дух од Илинден 1903 и АСНОМ 1944, со кои е создадено огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината!

Владата постапи по аманетот илинденски и асномски, дека правата се штитат на рамноправен терен”, напиша Ковачевски без да прецизира кој е рамноправниот терен на кој се бореле Илинденците и партизаните.

Според македонската историографија соодносот меѓу востаниците и аскерот бил речиси 1:12.

Според турските документи и извештаите на дипломатските претставници во Македонија биле распоредени редовни воени сили од III орда (баталјон), а дополнително биле распоредени и 16 баталјони редифи и 38 баталјони илаве. Освен овие сили во случај на востание, турските власти можеле да ги искористат и воените единици од Пеќ, Ѓаковица и Призрен кои се состоеле од 44 баталјони, 15 ескадрони и 10 батерии со 33.000 пушки, 15.000 сабји и 60 топа. Според Битовски до 1 јуни 1903 година во Македонија имало 175 баталјони со околу 150.000 – 160.000 војска [12]. Во секој град, гратче и поголемо село во Македонија се наоѓале постојани гарнизони. По Горноџумајското востание во источна Македонија, спроти османско-бугарската граница, според некои податоци имало околу 150.000 војска. Во Скопскиот вилает била концентрирана војска од 60.000 души под команда на Омер Ружди-паша.