Уставните измени, заради впишување на Бугарите во највисокиот законодавен акт по ултимативно барање на Софија, се највисок облик на патриотизам, произлегува од објавата на Твитер на премиерот Димитар Ковачевски.



„Пред нас е шанса да направиме голем исчекор во европските интеграции, со заштитен и потврден македонски идентитет и за неколку години да станеме членка на ЕУ.

Нашите граѓани заслужуваат да живеат по европски стандарди.

Од оваа државничка одлука не постои поголем патриотизам“, порача Ковачевски.