За колку пак поскапе минималната потрошувачка кошничка?!

Потрошувачката кошничка во јули чинела 48.620 денари и е зголемена за 441 денар. На едно четиричлено семејство му биле потребни 48.620 денари за покривање на минималната синдикална кошница. Како што објави Сојузот на синдикати на Македонија, 20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничка се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка.Понатаму, 3,247 денари или 7,24 отсто се трошат за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. 



Вообичаено, ни со две минимални плати, не може да се покрие минималната кошничка. 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје, наведува ССМ.

  • – „Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари“, наведуваат од ССМ.

Оттаму додаваат дека иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар.