За кои лидери што крадат предупреди Палмер од Охрид

За еден месец сериозни пораки од Вашингтон за лидерите што крадат од граѓаните и ја нарушуваат правдата.



По извршната наредба потпишана од претседателот Бајден за луѓето што ја нарушуваат стабилноста на Балканот во која една од главните теми се однесува на корупцијата денеска уште една порака за тие што се инволвирани во корупција.

Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска зборуваше на Форумот за дијалог во Преспа, каде им се обрати на лидерите кои крадат од граѓаните.

„Кога политичките лидери крадат од граѓаните, нивната земја го крши владеењето на правото, го забавува економскиот раст, ја зголемува нееднаквоста и го губи пристапот до услугите“, изјави Палмер, пренесува ТВ21.

Во Македонија апсолутната власта ја има СДСМ на Зоран Заев и ДУИ на Али Ахмети но Палмер не прецизираше во својот говор на кои лидери што крадат мисли.