Премиерот Ковачевски денеска беше во посета на фирма на која владата преку Фондот за иновации и дала финансиска помош и од таму и се обрати на јавноста.
Но Ковачевски во обраќањето не им се обраќа на новинари туку на сниматели и фотографи кој не работат за медиуми туку за владата.
Се разбира освен изјавата што ја чита Ковачевски нема и прашања од новинарите затоа што тие воопшто не се повикани на настанот.
Ковачевски кој за себе тврди дека е транспарентен и секогаш одговара на прашања на новинарот денеска решил да избега од нив, најверојатно затоа што треба да одговори на повеќе прашања на кои не може да даде логичен и нормален одговор.
На објавените фотографии од владата се гледа дека премиерот го снимаат две камери а на видеото на Јутјуб се слушааат звуци од сликање на фотоапарат но камерите и фотоапаратите не се на медиумите туку на владата.
Со финансиска помош го поддржуваме растот на компаниите.
Драго ми е кога имаме успешни компании како ИТ компанијата „ИТГМА“, која со државна помош инвестирала во раст и развој.
Создаваме поволен деловен амбиент за компаниите, кои со наша помош се пробиваат на светските пазари. pic.twitter.com/3AFwjElBra
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) June 14, 2023
На едно од видеата владата го исклучила звукот што може да значи дека премиерот зборел нешто што не е прифатливо за јавноста






