За Коѕиас се покривало сонцето од Кутлеш

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски тврди дека за време на престојот на грчкиот министер Коѕиас во Охрид домаќините го покривале сонцето од Кутлеш.



Со цел да не го иритираат Коѕиас домаќините од МНР го прекриле со платно обележјето кое се наоѓало во близина на местото каде престојувал гостинот од Грција.

Официјална Атина смета дека 16 кракото сонце од Вергина е грчки историски симбол на кое Македонија нема право.