Иако и македонските и бугарските власти постојано инсистираат и ја употребуваат придавката, за членот на МАНУ Катица Ќулавкова во Софија нема Северна туку само Македонија.
На поканата на промоцијата на нејзината најнова книга “Балкански наративи” пишува дека авторката е од Македонија а не од Северна.
Книгата е преведена на бугарски од Маријана Стамова, редакцијата е на Јорданка Бибина.
Промоцијата на бугарската верзија на книгата е закажана за 10 октомври во 18 часот во Градската библиотека во Софија на Плоштад Славејков.
Книгата во Бугарија ја издаде „SKYWAY PUBLICATIONS“ а на промоцијата ќе настапи македонската виолинистката Наташа ДИДЕНКО.





