„Со скандалозната честитка за 8 Март, вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов предизвика гнев во регионот, и уште еднаш ги покажа иредентистичките тенденции на партијата на која и припаѓа, ВМРО-БНД.



На позадината на честитката што ја објави во име на неговата партија ВМРО-БНД, покрај стилизираната фигура на жена со дете и зборовите „традиција, семејство, вредности“, јасно се гледа и мапата на Голема Бугарија“, пишува „Новости“ појаснувајќи дека на таа мапа во рамки на Бугарија се цела територија на Македонија, делови од Грција и српски градови како Ниш и Врање.

„Овој концепт датира од 19 век и се предвидуваше дека овие територии ќе бидат окупирани од независна Бугарија. Сепак, тие граници останаа само неостварен сон на Софија, освен кратките периоди од Првата и Втората светска војна, кога беа извршени злосторства на окупираните територии, чија крајна цел беше бугаризирање на населението“, наведува весникот.

Минатиот месец, Каракачанов ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија и се побуни за наводното зајакнување на српското културно влијание во нашата земја.