Креаторот на групата „Јавна соба“, Дарко Костовски, доби четири години затвор, а на администраторот Михаил Паневски му се досудени исто така четири години затвор, од судијката Билјана Коцевска.



УАПСЕНИ ГЛАВНИТЕ ОД „јАВНА СОБА“

Казните ги добија бидејќи обвинителот Владо Милошевски тврдеше дека тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

Двајцата се гонат за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на  Македонија на седницата одржана на ден 29.03.2023 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Македонија ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје.

Во телефонот на основачот на групата, биле најдени 102.000 записи од фотографии и видеа , а над 14.000 фотографии и видеа кај модераторот.