За Јанкуловска 2 години помала казна за „тенк“

Апелациониот суд Скопје ја намали првостепената казна од шест на 4 години затвор за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“.



Јанкулоска за предметот „Тенк“, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор бидејќи при набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба.

Во истиот предмет за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, осуден е првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест и пол години затвор, а второобвинетиот Никола Груевски на две години затвор.