За инает на Маричиќ: „Македонија“ напишано на снег

Долго очекуваниот снег послужи и да се испрати порака до министерот за правда Бојан Маричиќ за неговиот потпис на решенијата да не се дозволи регистрација на граѓански здруженија што во името го содржат зборот „Македонија“.



Токму прогонетиот збор испишан во снегот е одговорот на неверојатната забрана на терминот со кој се идентификува македонскиот народ.