За имунитетот на Вељановски ќе одлучува Собранието!?

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, синоќа не донесе  одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, откако по два дена расправа, на гласањето резултатот беше нерешен 4 гласа „за“ и 4 „против“.



Агим Шаќири, пратеник на ДУИ, поради здравствени проблеми не присуствуваше на гласањето.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, случајот е завршен, бидејќи Комисијата не донела одлука ни „за“ ни “против“ да му препорача на Собранието одземање имунитет на Вељановски.

Медиуми јавуваат дека па откако извештајот без мислење од Комисијата ќе биде испратен до претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, тој по консултација со правните служби ќе одлучи дали одлуката ќе треба да ја донесе Собранието.

Без мислење на Комисијата.