За Илинден на Мечкин Камен како што не правеле ни Тито ни Колишевски

Пратеникот Јохан Тарчуловски открива дека организаторите на прославата за 2 август на Мечкин Камен од учесниците бараат списоци и копии од лични документи.



“Голем е стравот кај организаторот(владата) за 2ри Август. Нема друг изговор на тоа да се бараат копии од лични карти и список од сите учесници.Ке се враќа народ од Мечкин камен. Ова ни Тито ни Колишевски не го правеше. Џабе ви е се”, вели пратеникот на опозицијата.

На ниту една предходна прослава на Илинден на Мечкин Камен во историјата присуството на граѓаните не било масовно проверувано и потврдувано со лични документи.

Пред големиот национален празник на социјалните мрежи има неколку иницијативи за изразување отпор кон власта со бојкот или со исвиркување на говорите на владеачките функционери на Мечкин Камен, Пелинце и Скопје.