Првиот вицепремиер Артан Груби со спротивен став од премиерот Зоран Заев, според кој најавените државни субвенции за вработувања во приватни фирми по етнички клуч би било спротивно на Уставот.
Според првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, предизборното ветување на ДУИ би било уставна мерка и во духот на Рамковниот договор, кој се залагал за еднаквост на сите граѓани на Македонија.
„Ако ја видите етничката застапеност во сите тие компании, па безмалку би биле претставени 100 проценти од македонската етничка заедница. Таму нема ниту Роми, ниту Турци, нема ниту Бошњаци, нема ниту Власи, ниту Срби, па ниту Албанци по некои од тие компании. И затоа велиме да има еднаков пристап, дали тоа ќе биде преку субвенција, преку други форми на соработка. Посебно преку фаворизирање на преземање соработка или аплицирање во државни фондови“, изјави Груби.





