Министерот за политички систем Артан Груби ги нарече Азир Алиу и Фатмир Меџити, кадар на Алијанса на Албанците, кои синоќа беа разрешени во Собранието, „министри на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Првиот албански премиер на Владата разреши двајца министри на ВМРО ДПМНЕ кое со сите сили ги бранеше денеска во Собранието.
Лека ноќ, убав сон, спијте мирно додека Али Ахмети се грижи за сите нас“, напиша Груби на Фејсбук.
Алиу како министер за информатичко општество и администрацијаи Меџити како министер за здравство се поборници на одлуката налидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на парламентарните избори да се оди заедно со опозицискиот блок.
На тоа реагираше претседавачот на Централното собрание Зијадин Села, кој побара нивно разрешување и понуди имиња на лица кои ќе ги заменат на министерските места.




