До петок 26 јуни земјите членки на ЕУ ќе донесат одлука дали ќе ги отворат границите за граѓани од Балканот, ноне извесно е дали, поради влошената состојба со коронавирусот, ќе биде дозволен влаз и за граѓани од Македонија, Албанија и Косово.



Според прелиминарната листа листа на земјите за кои кои ќе биде дозволен влез на нивните граѓани во Унијата, во која има увид Радио Слободна Европа, а за која денеска разговарале амбасадорите на ЕУ само Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина стојат добро, додека Македонија, Албанија и Косово не се вклучени на листата.

Во насоките на Европската комисија за отворање на границите е наведено дека за таква одлука, епидемиолошката ситуација треба да биде споредлива или подобра од просекот на ЕУ. Според тоа, просекот би требало да биде максимални 16 нови случаи на заразени на 100 илјади жители во последните 14 дена, јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел.